Овој вид пишување се нарекува „Leet“ или „1337“ говор, а некое време бил доста популарен како би се избегнало откривање со помош на програмите за пребарување или филтрите за спам.
Шпанскиот когнитивен научник Џон Андони објаснува дека ваквите пораки не активираат делови од мозокот коишто ги анализираат броевите, туку мозокот ги третира како букви коишто се лошо напишани, или пак ги третира како “чуден фонт”, што ни овозможува да ги “дешифрираме” во милисекунди.
– Додека читаме, не обрнуваме внимание на разликата помеѓу буквите и бројкитe, бидејќи очекуваме само букви, објаснува овој научник.
– За вашиот мозок тоа не е број во самиот збор, туку чудно напишана буква. Додека читате, имате толеранција којашто дозволува и мали неправилности во изгледот на самите букви.
Но, не сите луѓе имаат способност за лесно да ги прочитат ваквите “букви”. Mладите луѓе, коишто пораснале покрај компјутер и интернет, со голем избор на начини на пишување, речиси и да не ја забележуваат разликата.
Од друга страна пак, оние коишто израснале со “стандардни букви”, можеби и ќе се соочат со мали проблеми околу читањето на ваквите пораки.
2 comments
ивана
12 февруари, 2016 at 01:19
bravooo
ивана
11 февруари, 2016 at 17:05
This message
serves to prove
how our mind can
do amazing things!
impressive things!
In the begginning
it was hard but
now on this line
your mind is
reading it
automaticlly
without
thinking about it
be proud!Only
certain people can
read this
please forward if
can read this
Ми требаше неколку секунди за да сфатам