Мравјиот град во Бразил го споредуваат со кинескиот ѕид

14 ноември, 20160
Мравјиот град во Бразил го споредуваат со кинескиот ѕид

Неодамна, тим на истражувачи откри во Бразил огромен подземен мравји град што од перспектива на овие извонредни инсекти може да се мери со големиот кинески ѕид, најдолгата човечка градба, било кога создадена. Испресечен со бројни тунели, мравјалникот некогаш го населувале милиони мрави кои го напуштиле од непозната причина. За да сознаат повеќе за овој неверојатен подземен комплекс, научниците излеале 10 тони на бетон.

Требаше неколку дена за да се пополнат безбројните ходници на лавиринтот кој се протега на 46 квадратни метри. Еден месец подоцна, научниците започнале со копање и мравјалникот се покажа на површина откривајќи ја својата сложена структура што изгледаше како вистинско уметничко дело.

Интересно е што секој дел изгледа како да го дизајнирал голем архитект. Мравјиот град се простира на површина од 46 квадратни метри и на длабочина од 8 метри под површината на земјата. Мравките морале да ископаат 40 тони земја за да го изградат овој лавиринт. Овој единствен и сложен град е резултат на огромен труд и заедничка волја на целата мравја колонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma