Минатата седмица, во петок, во 12:54 часот по локално време, сонцето изгреа во Барлоу на Аљаска. Само 36 минути покасно тоа зајде и жителите на ова место нема да го видат повеќе сé до 22 јануари.
Меѓутоа, луѓето кои живеат 2.500 километри од Северниот пол се навикнати да ја трпат двомесечната темнина.
Жителите на најсеверниот град во Америка имаат три месеци непрекинат ден за време на летото, исто така.
Интересен е фактот дека следниот пат кога сонцето ќе изгрее, тоа нема да биде повеќе Бароу – Аљаска ја одобри промената на името на овој град кој од 1 декември ќе се вика Уткајагвик. Тоа е стар инуитски збор што го означува местото на кое се се собираат стари корења.