Најдобрата работа која денес ќе ја прочитате за сексот!

26 февруари, 20160
8

Најновото британско истражување ви дава уште една добра причина да се впуштите во добар секс со вашата партнерка. Откријте за што станува збор…

Повеќе секс = повеќе пари?!

Сексот е одлична работа, зар не? Заработувањето пари исто така. А што ако ви кажеме дека ако имате секс два пати неделно, ќе заработувате повеќе пари од луѓето кои не одржуваат сексуални односи толку често?

Колку пари, толку музика (односно секс!)

Истражувањето спроведено на британскиот Универзитет „Anglia Ruskin“ во Кембриџ открива дека сексуалната активност и фреквентноста на сексуалните односи е поврзана со работните резултати и заработувачката.

Колку луѓето се поисполнети и задоволни дома, толку поуспешни се на работното место!

„Оваа теорија го потврдува фактот дека луѓето имаат потреба од љубов и внимание и да бидат сакани и сексуално активни. Кога овие работи им недостигаат тие се склони на осаменост, анксиозност и депресија, а сите овие појави лошо им влијаат на деловниот живот“ – објаснува авторот на истражувањето проф. д-р Ник Друдакис.

Ова истражување опфатило околу 7500 Грци, на возраст од 26 до 50 години, а анализирана е застапеноста на сексуалните односи во нивниот живот.

2, 3 сексуални односи неделно = 4,5% повеќе пари

Резултатите од истражувањето биле јасни: луѓето кои имале секс 2,3 пати неделно заработувале во просек 4,5% повеќе пари од оние кои биле помалку сексуални активни.

Што е постаро: кокошката или јајцето?

Научниците не биле во можност да откријат дали почестите сексуални односи доведуваат до подобро извршување на работните задачи како што верува Друдакис, или пак заработувањето повеќе пари предизвикува почести секс авантури.

Интересно е дека истражувањето го открило фактот дека вредните работници со одредени здравствени проблеми, кои водат љубов 2,3 пати неделно заработуваат за 1,5% повеќе од инвалидите кои работат и кои имаат 13% помали шанси да бидат сексуално активни и чија продуктивност на работата опаѓа за 9,5%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi