Студенти од Њујорк во продавница за половни работи купиле кауч за само 20 долари.
Го поставиле во станот каде што престојувале, но забележале дека каучот има чудни испакнатини.
Го распарале за да видат што има внатре, а потоа се шокирале.
Во креветот имало коверти полни со пари. Изброиле вкупно 40.000 долари!
Студентите, ниту во еден момент не се двоумеле дали да ги задржат парите. Веднаш се јавиле во продавницата за половни работи и преку продавницата ја пронашле бабата сопственичка на креветот.
И ги вратиле парите, а таа ги наградила со непознат износ.
https://www.youtube.com/watch?v=13PX-9LQLUk