За разлика од некои негови колеги од самиот врв на државната политика, јапонскиот премиер Шинзо Абе не инсистира на тоа да се прави драма затоа што мора да оди некаде со автомобил.
Баш напротив, не се затвораат патиштата затоа што мора да помине од таму, а нема потреба ниту за поворка од блиндирани возила, тенкови, хеликоптери…
На овој премиер доволни му се само пет автомобили од кои неговите телохранители ги молат останатите сонародници да запрат за момент.
Снимката од поворката на овој премиер стана вистински хит на интернет!