Нередовниот сексуален живот предизвикува многу проблеми

popara2 јануари, 20161min00
12

Сексуалниот живот делува на нашата среќа и здравје многу повеќе од колку што сме свесни. Тој не завршува во спалната соба, туку влијае на квалитетот на нашето живеење во целост.

Луѓето кои не уживаат во редовниот секс почесто запаѓаат во депресивно расположение, а ако нерасположението е почесто, поголеми се шансите да се случи сериозна депресија. Редовниот и квалитетен секс е поврзан и со здравјето на срцето. Што повеќе човекот е активен во сексуалниот живот, тоа е помала можноста да доживее срцев удар.

Квалитетниот и редовен секс го подобрува и квалитетот на сонот, бидејќи хормоните кои се отпуштаат во текот и по сексот дејствуваат смирувачки, па побрзу се потонува во сон.

Сексот има врска и со самодовербата, така што ако во животот нема доволно секс, многу веројатно е дека нема да има ниту доволно самодоверба. Исто така луѓето кои имаат редовен сексуален живот, се многу поефикасни на работа. Со помош на хормоните кои се лачат при сексот полесно се постигнува концентрација, а со тоа и поголема ефикасност на работа. Оние кои немаат редовен секс, концентрацијата им е на многу пониско ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag