Незгодни проблеми кои ги имаат мажите со згодни девојки

popara26 февруари, 20161min00
7

Девојката ви е навистина атрактивна и мами погледи каде и да се појави? Во почетокот на врската сте се запрашувале со што сте ја заслужиле таквата среќа, но, како поминува времето, станувате се понесигурни и се плашите дека нема да можете да ја задржите. Доколку не ги запрете црните мисли, можеби ќе ја упропастите врската со сомнежи и љубомора.

Не дозволувајте поради несигурност да ја уништите вашата меѓусебна љубов. Наместо да ја испитувате за сите мажи, со кои приватно и деловно доаѓа во контакт, посветете внимание на нејзиното однесување. Доколку видите дека ви е посветена, нема причина за грижа. Кога некаде ќе излезете, воздржете се од скенирања на околните мажи и бесот кога ќе видите дека тие гледаат во нејзините гради, нозе и задник.

Никогаш немојте да ја напаѓате со прашања за кого толку се средува, бидејќи вие сте задоволни од неа и без шминка. Исто така, не обидувајте се да ја “спуштите на земја” со омаловажување и првилекување на вниманието на нејзините несовршености или истакнување на некои други жени. Најдобро е искрено да и кажете дека се плашите дека ќе ве остави, бидејќи е премногу убава, отколку да мислите на тоа додека глумите дека се е во ред. Фактот дека ве избрала токму вас, од толку додворувачи е поттик за вашата самодоверба. Освен тоа, вашето искрено признание може да ја зацврсти вашата меѓусебна врска и да и докаже колку навистина е важна за вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *