Рускиот претседател Владимир Путин најави основање на антитерористички центри од кои еден се наоѓа во Мурманск, како би ја заштитил земјата од можни терористички закани од Арктикот.
Руските власти најавија дека центарот во Мурманск ќе ја „организира употребата на сила“, и ќе „води антитерористички операции“ во територијалните води на Русија, нејзината економска зона, како и самиот континетален појас.
Најавено е дека идентични центри ќе бидат основани на Каспиското езеро, Камчатка и Севастопољ.
На почетокот на 2015 година, руските вооружени сили и официјално основаа нова Арктичка бригада. Новата единица веќе ги изведе првите големи антитерористички вежби.
Неодамна за борба на Арктикот руската војска набави и посебна амфибија, која може да преминува терен прекриен со снег.
Арктичката бригада доби и моторни санки за снег, а сите возила имаат компјутерски системи посебно прилагодени за арктички услови.