
Изгледа дека Кристијано Роналдо е слаб на Русинки. Минатата година ја прекина врската со руската манекенка Ирина Шајк, а оттогаш го поврзуваа со многу девојки, но и мажи, бидејќи се шушкаше дека е геј.
Сепак, судејќи според овие фотографии, ѕвездата на Реал Мадрид се уште бара љубов, и тоа по пат на социјалните мрежи.
Имено, руските медиуми објавија фотографии од преписката меѓу славниот фудбалер и руската танчерка и манекенка Алена Александровна.
Алена му го привлекла вниманието со видеата во кои тверка, па и испратил директна порака и и напишал дека нејзиното тверкање го возбудува.
Таа му се заблагодарила, а тој и побарал уште снимки на кои танцува. Таа му одговорила со фотографија од својата позадина, на која со маркер напишала CR7, односно неговите иницијали и број на дрес.
Сепак, оваа убавица и понатаму не била убедена дека се допишува со вистинскиот Роналдо.
“Не сум сигурна дека тоа навистина си ти. Можеби е твојот син, или некој се шегува”, му напиша таа, а Роналдо и одговори (на многу лош англиски): “Секако дека сум јас. Ми се допаѓа твојата фотографија. Преубаво”.
Алена поради ова стана главна тема на руските, но и на светските медиуми, а Роналдо не се огласи по овој повод.
https://www.youtube.com/watch?v=jn20vK8H1QA