Џастин Бибер со страстен бакнеж покажа дека е во врска
6 јануари, 20160
Џастин Бибер некое време тврдеше дека е сингл, често го поврзуваа со модели и постари дами од шоубизнисот, но овој пат тој реши да ја покаже новата девојка.
21-годишниот пејач е заљубен до уши во неговата нова девојка, Хајли Болдвин.
Тинејџерите постојано се заедно и често објавуваат интимни фотографии на социјалните мрежи.
Последна во низа беше фотографијата која ја објави Џастин, а на која ја бакнува прекрасната Хејли.
Бибер очигледно дека е лудо вљубен во внуката на актерот Алек Болдвин, а семејството Болдвин нема проблем нивната миленичка да се гледа со пејачот.