Особини кои мажите најмногу ги сакаат кај дамите

17 јануари, 20160
6

Кога се во прашање машко-женските односи тешко е да се генерализира што точно му се допаѓа на спротивниот пол, но сепак постојат одредени особини кои се попривлечни од други, а кои мажите ги преферираат во својот однос со партнерката.

Сакаат дама која има свој живот, покрај заедничкиот…

Мажите сакаат дами кои имаат свое хоби и свои интереси. Односно да уживаат во активности кои не ја вклучуваат посилната половина.

Па затоа немојте постојано да бидете со својот сакан, дружете се, занимавајте се со спортски или било кои други активности кои ве радуваат.

Сакаат привлечни дами кои не носат оскудна облека…

Мажите се сложуваат за едно, на почетокот на врската дамата никако не би требало да покажува пренагласен сексипил и да се облекува претерано секси.

Тие сакаат кога партнерката им остава простор за фантазија, па затоа бидете креативни при одбирањето на облека, но никако немојте таа да биде вулгарна.

Сакаат ситници…

Мажите сакаат кога со малите ситници им покажуваме дека ни се важни. Па затоа пред неговата омилена емисија или спортски настан испечете му грицки или изненадете го со ладно пиво.

Мажите сакаат да видат дека партнерката се грижи за нив.

Сакаат да им бидете поддршка…

И тоа во секоја смисла на зборот, но особен во друштво. Тој ќе ви биде благодарен ако се смеете на неговите шеги и ако јавно го пофалите пред шефот или пријателите.

Сакаат да се заземете за себе…

Мажите сакаат кога жените се борат сами за себе. Без разлика дали станува збор да му се спротивставите на шефот или на било кој друг начин да инсистирате да го добиете тоа што ви припаѓа вам.

Со други зборови сакаат да имате став, но тоа не го обожаваат кога им го покажувате на нив

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi