Откриен отпечаток од стапало од најголемиот диносаурус во светот во Монголија

popara20 октомври, 20161min00
8

Единечен отпечаток од стапало е голем колку возрасен маж.

Знаеме дека некои диносауруси биле масивни и неодамнешно откритие во Гоби пустината илустрира точно колку големи биле кога се зборува за рептилите кои се веќе изумрени.

Овој август, истражувачи од Окајама Универзитетот на науки и монголската Академија на науки откриле еден од најголемите отпечатоци од стапало во историјата – отпечаток од стапало од титаносаурус.

Титаносаурусот го оставил отпечатокот зад себе пред околу 70 до 90 милиони години на местото што е денес пустината Гоби.

Заедничката монголско-јапонска експедиција открила уште неколку други отпечатоци од стапала во регионот, но тој на титаносаурусот бил најголем, со должина од 106 сантиметри и широчина од 76 сантиметри.

Освен што им нуди на истражувачите поголемо знаење за точната големина на диносаурусот, на отпечатокот се наоѓа најјасната слика од ноктите на ова животно пронајдена некогаш – дополнителен детаљ што ќе го искористат истражувачите да дознаат повеќе за тоа како овие диносауруси чекореле и ги маневрирале нивните тромави тела.

Популарните претставувања на диносаурусот, како оние што се појавуваат во Јурасик парк, го претставуваат мавтајќи со опашката од една страна на друга. Палеонтолозите не сметаат дека всушност било така, туку веруваат дека диносаурусот ја држел опашката право над тлото. „Тие биле големи косилки за трева,“ вели Марк Норел, директорот на палеонтолошкиот оддел на Музејот на природна историја на САД, во списанието The New Yorker. „Тие ќе направеле еден чекор и ќе изеделе сé на земјата пред нив во еден џиновски полукруг.“

Титаносаурусот е еден од најголемите диносауруси што е некогаш откриен од палеонтолозите и проценките за неговата големина се движат до 20 метри во височина и 30 метри во должина. Како дел од семејството на сауроподите, титаносаурусот има карактеристично долг врат што најчесто се поврзува со брахиосаурусот – присетете се на Јурасик парк. Покрај претставувањето на неговиот роднина во популарната култура како закана која јаде врвови на дрва, сауроподите како титаносаурусот во најголема мера ја собирале нивната храна од земјата, јадејќи главно папрати и четинари.

Се смета дека титаносаурусот тежел околу 70 тони, според Wall Street Journal, односно единаесет пати повеќе од просечната тежина на тираносаурус рексот. Коска од бутот (видете подолу) пронајдена во Аргентина била повеќе од два метри во должина, правејќи ја поголема од највисоката жена забележана во историјата.

Доколку сакате самите да ја видите големината на титаносаурусот, можете да го посетите Американскиот музеј на природна историја, каде има изложена реплика, благодарејќи на аргентински ранчер кој во 2013 ја открил феморалната коска на еден рид. Со помош на 3Д принтери, музејот го искористил овој фосил да создаде 37-метарска реплика од фибер-стакло од огромниот диносаурус – толку огромна што всушност не ја собирало во магацинот на музејот без да и се појави черепот во друга изложба.

View image on Twitter

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag