Со новите оружја на концернот „Калашников“, дел од руската државна корпорација „Ростех“, воведе нова стратегија за развој до 2020 година, во која е планирано да го зголеми производството и да ја рашири продажбата.
Вкупната инвестиција се проценува на повеќе од 4,5 милијарди рубљи. Како дел од стратегијата веќе започна модернизација на производство. Работите се во тек за 30 големи проекти.
Според зборовите на директорот на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов, компанијата ја компензира загубата на американскиот пазар со зголемување на снабдување со лесно оружје во Јужна Америка, Азија и Африка.
https://www.youtube.com/watch?v=BL7dCveUJxo