Од исток доаѓа уште едно видео кое тера на размислување…
МИЛИОНИ ПЛАЧЕА ОТКАКО ГО ПОГЛЕДНАА ОВА: Овие три минути никогаш нема да ги заборавите…
Секојдневно во своите животи наидуваме на ситуации во кои некој покрај кој поминуваме му треба помош. Најголемиот дел од луѓето само продолжуваат да одат, најчесто и не размислувајќи за другиот…
Сите воглавно сме окупирани со својата работа и станавме неосетливи. Но, постојат луѓе кои помагаат на другите, без разлика што ќе се случи.
Оваа реклама за животно осигурување доаѓа од Тајланд и нејзиниот главен јунак е неопеан херој кој секојдневно помага на луѓето во своето окружување, правејќи само ситни работи.
На видеото може да се види како се погрижува за водата која напразно тече, помага на уличниот продавач, дава пари за школување на сиромашно девојченце, секојдневно остава банани на вратата на една комшика старица…
Тој не бара слава, не бара популарност… но она што го добива е највредното од се – емоции!
Авторите на рекламата поставуваат провокативно прашање – Зошто нашите животи не се она што ние очекувавме, зошто не го добиваме во животот она што најмногу го сакаме? Дали некогаш сте се запрашале зошто толку луѓе кои имаат многу пари – сепак не се среќни?!
Погледнете го видеото и размислете дали во ова се кријат одговорите… Осигурајте се, но верувајте во Бог, е пораката на крајот од оваа реклама.