Овие три хороскопски знаци ќе се вљубат лудо во септември

22 август, 20160
1

Летото е на заминување, а љубовта чука на врата.

Овие три хороскопски знаци ќе се заљубат лудо во месецот кој следи.

Овен

Нема како да се извлечете. Не и овој пат. Љубовта чука на вратата и е прашање на малку време, за да се случи. Отпрвин нема да поверувате дека сте сретнале толку совршен човек, но со текот на времето ќе дознаете дека среќата овој пат ви се насмевнала. Само не правете грешка да го заплашите со планови и претерана настојателност. Оставете малку време за намери и тоа ќе се покаже најуспешен начин на кој ќе разговарате. Несомнено ќе ви се замота светот од сите емоции кои ќе ве облеат. Бидете спокојни – нема да е краткотрајно, а само почеток на една нова и возбудлива авантура.

Лав

Не чувајте го срцето, не се затворајте и воопшто заборавете на сите ваши стравови. Дојде и вашето време, после толку чекање. Вие ќе сте оној кој ќе го направи првиот чекор. Другата страна може да почувствува благо двоумење, но тоа нема да трае долго. Разговори до доцна во ноќта, шетки низ градот и со нов трепет ќе ве пречека месец септември. Не мислете на тоа како ќе задржите интересот на овој човек, бидејќи тој ќе биде апсолутно взаемен. Ќе дознаете некои работи за себе и ќе слушнете вистинско и непринудено мислење за прекрасните црти во карактерот што го поседувате. Уживајте во секој еден момент.

Девица

Шармот ќе си ја заврши добро работата. Со насмевка може да го привлечете вниманието на секој. Ве очекува волшебен месец во кој ќе се судрите со посебен човек. Нема да се вљубите одеднаш, но по неколку недели ќе се прашувате тоа ли е човекот за вас … Хемијата која ќе ја почувствувате е нешто што никогаш порано не сте го доживеале . Не брзајте со заклучоците, но доживејте го секој миг целосно. Од вас зависи дали тоа вљубување ќе стане најголемата ваша љубов. Клучот за ова е да не брзате и да оставите работите да се развиваат бавно и природно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi