На програмата на овогодшниот Toronto Serbian Film Festival ќе бидат и „На млечен пат“ од Емир Кустурица, „Добра жена“ на Мирјана Карановиќ, „Бурек“ на Владимир Николиќ, „Браќа по бабина линија“ на Радош Бајиќ, „Херој и казна“ на Небојша Пајкиќ и Илија Лабал и „Слушнете Срби“ на Горан Вукчевиќ.
Toronto Serbian Film Festival, што ќе се одржи од 03 до 13 ноември, ќе биде посветен на Драган Николиќ кој своевремено беше гостин на фестивалот со филмовите „Зона Замфирова“ и „Лавиринт“.