Пенелопе Круз во необично издание

23 јануари, 20160
Пенелопе Круз во необично издание

Шпанската актерка Пенелоп Круз се појави со целосно избричена глава и тоа поради улогата во филмот „Ма ма“ во кој глуми учителка која се соочува со дијагноза рак на дојка.

41-годишната актерка целосно се посветила на улогата на Магда, невработена учителка која дознава дека боледува од рак на дојка и се подложува на мастектомија и хемотерапија.

Иако сме навикнале да ја гледаме Пенелоп во секси изданија, таа во филмот се појавува ќелава и признала дека во ниту еден момент не се почувствувала „грда“.

– Ми беше многу важно да ризикувам и не се грижев како изгледам. Ова е ода на сите жени кои се соочиле со оваа болест – изјавила актерката која вели дека се вљубила во ликот на Магда.

– Ова е еден од најважните ликови кои сум ги толкувала. Се вљубив во приказната на оваа жена која е спој на божица и мудрец- изјавила Круз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber