Едно од омилените зимски овошја, портокалот, изобилува со витамин Ц. Портокалот го подобрува функционирањето на дигестивниот систем, што го чини одличен сојузник во битката против одвишните калории.
Бидејќи ретко кој може да одолее на богатите празнични трпези кои веќе започнаа со славите, а ни се наближуваат Нова година и Божиќ, после обилниот оброк кај повеќето луѓе, се јавува непријатно чувство на надуеност. За да оставите место за уште некој сладок десерт, ви предлагаме редовно да ги пиете овие два пијалоци од портокал за детоксификација.
За припрема на првиот пијалок, исцедете четири портокали. На сокот додадете една лажичка сок од лимун и една лажичка мед и добро промешајте. За припрема на вториот, фрапе од портокал, потребно е да измешате два исцедени портокали, 2 дл јогурт, една банана, лажичка лимунов сок и лажичка мед.
Уживајте во вашето омилено овошје и губете килограми!