Нострадамус „погодил“ за Трамп, еве што предвидел за иднината

16 ноември, 20160
3

Како што секогаш се случува после некој важен настан во светот и овој пат, многу луѓе се свртеа кон толкување на текстовите на Нострадамус.

Уште пред неколку денови  „стручњаците“ повторно започнаа да ги толкуваат стиховите на Нострадамус и врз основа на нив заклучија дека победник на претседателските избори во САД ќе биде Доналд Трамп. Значи, беа поуспешни од скоро сите сериозни политички аналитичари во САД кои предвидуваа сигурна победа на Хилари Клинтон.

 

„Голем, бесрамен и смел кавгаџија.Тој ќе биде избран за гувернер на војската. Ќе биде неустрашив. Скршен мост, град што се онесвести од страв“, запишал Нострадамус.

 

„Лажниот трубач, прекривајќи го лудилото, ќе ја присили Византија да ги менува своите закони. Од Египет ќе пристигне човек кој ќе ги повлече законите и ќе ги замени парите“, се наведува во уште еден стих.

 

Некои стихови ја предвидеа борбата меѓу Хилари и Доналд исто така.
„Сината ќе излезе да го компромитира оној со крив нос. Таа ќе го насочи“, пишуваше, а Виктор Бенес, претседател на Nostradamus Society of America вели дека тие стихови се однесуваат на кампањата што траеше повеќе месеци.

 

Нострадамус, освен двобојот, за 2016 година предвиде и Трета светска војна што ќе трае 27 години и ќе се поклопи со „големата комета на небото“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma