Погледнете убаво, ова не е Ким Кардашијан!

5 јануари, 20160
12

Канадската блогерка стана апсолутен хит на Инстаграм, а се благодарение на тоа што неверојатно многу личи на Ким Кардашијан.

Камила Осман од Торонто има темна коса, кафени очи и горе-долу ист облик на телото како познатата старлета. Оваа блогерка има повеќе од 70.000 следбеници на Инстаграм, а многумина од нив велат дека изгледа како близначка на Ким.

Камила дури ја копира и во стилот на облекување. Покрај тоа што природно личи на Ким, оваа девојка се шминка така што да ја истакне својата сличност со старлетата. Како што можете да претпоставите, таа го контурира лицето за да дојде до скоро идентичен изглед.

Со оглед на тоа дека е блогерка, Камила на Инстаграм не објавува само фотографии, туку и кратки видео снимки во кои покажува како се шминка, препорачува маски за лице…

Блогерката вели дека е среќна поради тоа што личи на Ким, а нејзиното задоволство сигурно расте кога и велат дека е “copy-paste Kim”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi