Скриена камера поставена во една полска шума со намера да улови снимки од животни во дивината фатила на снимка прилично неочекуван „ѕвер“, пишува Дејли Мејл.
Камерата, имено, снимила гол 21-годишен студент од Чешка, чие име се наведува само како Марек, како скока низ шума обидувајќи се да имитира сибирски тигар. Необичната идеја му паднала на памет откако зел ЛСД во желба да ја излечи депресијата.
Но, под влијание на ЛСД Марек си помислил дека е редок ѕвер од Сибир па ја соблекол облеката и гол истрчал во шума. Можеме само да замислиме каков шок доживеале шумарите кога следното утро ги прегледувале снимките од камерите кои веднаш ги предале во полиција, а тие потоа го привеле Марек.
Марек пред полицајците признал што направил и рекол дека халуциогената дрога ја пробудила неговата „вистинска личност“, како и дека замислил дека станал сибирски тигар.
https://www.youtube.com/watch?v=bZWt1sI8fYY