Препознајте ја жената која ќе ви го уништи животот!

31 декември, 20160
3

Стручњаците анализираа многу типови на жени, но сега дојде ред на најлошите. Оние кои умеат да ви го уништат животот и вербата во љубовта.

Препознајте ја таквата жена и спасете се на време. Ова се карактеристиките на жената која може да направи хаос во вашиот живот:

Егоцентрична е

Единствената личност на светот која нешто и значи е самата таа. Сите останати се само топли тела кои и се испречуваат на патот. Само на неа и се случуваат трагедии, и само за неа треба да се грижите. Таа жена попрво ќе оди на маникир отколку во посета на ваш близок кој е во болница, на пример.

Секогаш критикува

Жена која сака да има контрола и сака да го посрамоти парнерот. Сè ќе направи мажот да се чувствува неспособен, ќе му ја уништи самодовербата, и потоа тој ќе прави сè како што таа сака. За неа ништо не е доволно добро и затоа ќе ве критикува за сè, затоа што веројатно сте едниствената личност која ја слуша.

Има ладно срце

Никогаш не плаче и никогаш не ги покажува емоциите. Гледа само да искористи некого, и не и е проблем да повредува други луѓе. Ладна е и одлучна во своите намери кои најчесто немаат никаква врска со етика. Манипулира и никогаш, ама никогаш нема да ја запознаете нејзината вистинска страна.

Очекува третман на кралица

Станува збор за жени кои всушност се разгалени и одбиваат да пораснат. Била обожавана додека била дете и од мали нозе е научена да добива сè што ќе посака. И кога е возрасна и понатаму смета дека треба да добива сè што ќе посака.

Ве понижува во јавноста

Како што не се грижи за туѓите чувства така не внимава ни за тоа како се чувствува партнерот. Па тој и доаѓа како вреќа за удирање, се празни без разлика како вие се чувствувате.

Флертува со други мажи

Најлошо од сè е тоа што има мажи кои ги толерираат овие работи. Таква е каква што е, па ја трпат. Таа флертува со други мажи и кога партнерот е веднаш до неа. Во состојба е да отиде толку далеку, за да предизвика љубомора, што ќе го споредува партнерот со други мажи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi