Превртена чоколадна торта

popara16 февруари, 20161min00
Превртена чоколадна торта

Потребни состојки:

  • ¼ шолја путер (омекнат, на собна температура)
  • 1/3 шолја и 3 лажици кафеав шеќер
  • 1 ½ шолја цреши (можете да употребите и замрзнати, притоа да го оставите сокот од нив)
  • 1/3 шолја брашно
  • ¼ шолја какао
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • ¼ лажичка сол
  • 1 жолчка од јајце
  • 3 лажици млеко
  • ¼ шолја слатка павлака
  • 2 лажички рум


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете по една лажица путер, 1 лажица кафеав шеќер и ½ лажичка сок од црешите на дното од двата сада во кои ќе го готвите десертот. Ставете ги во микробранова за да се растопат путерот и шеќерот и наредете ги црешите збиени една до друга.

Во мал сад измешајте ги заедно брашното, какаото, прашокот за печиво и солта. Измешајте ги заедно со 2 лажици путер и 1/3 шолја кафеав шеќер додека не добиете компактна смеса. Додадете ги жолчката и млекото и повторно мешајте. Поделете го тестото во двата сада.

Ставете ги двата сада во рерна и печете ги околу 30-на минути. Оставете ги да се оладат околу 20-на минути. Во меѓувреме, направете шлаг од слатката павлака и во неа ставете една лажица кафеав шеќер и рум.

Извадете го десертот на рамна чинија и на него ставете го шлагот.

Уживајте во неверојатно романтичен десерт!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag