Приказна поради која плаче целиот свет: Ја однел неговата мајка на вечера, но не знаел дека е последна…

14 јануари, 20160
11

Сеќавањето на непознатиот автор за последната средба со неговата покојна мајка на Фејсбук со наслов “Love What Matters” за повеќе од 24 часа собра над 27 илјади лајкови и споделено над 20 илјади пати.

– По 21 години брак, мојата сопруга сакаше на вечера и во кино да однесам друга жена. Ми рече:  „Те сакам, но знам дека и другата жена те сака и би скала да помине време со тебе“.

Таа друга жена која мојата сопруга сакаше да помине време со мене беше мојата мајка, која беше вдовица во псоледните 19 години, но поради работа и обврските околу трите деца ја гледав ретко.

Таа вечер ја поканив на вечера и во кино

– Што не е во ред, добро ли си, ме праша. Мојата мајка е тип на жена која мисли дека ако и се јавиш или и приредиш некое изненадување е знак за лоши вести.

„Мислев дека би било убаво да поминеме некое време заедно’ и одговорив. „Само ние двајца“.

Размислуваше во еден момент и рече „Зошто не би сакала“.

Тој петок после работа додека  возев до кај неа бев малку нервозен, Кога дојдов до куќата, забележав дека и таа е нервозна поради нашиот состанок. Чекаше пред врата со капут на себе. Ја средила косата и облекла фустан кој го носеше на последната прослава на својата годишнина од бракот. Се насмевна, а лицето и изгледаше како на ангел.

– Им кажав на пријателките дека ќе излезам со мојот син, а тие ми завидуваа, рече додека влегуваше во автомобилот

„Едвај чекаше да слушне се за нашето излегување“.

-Отидовме до ресторанот кој не беше елегантен, но беше убав и пријатен. Мојата мајка ме држеше за рака како вистинска дама. Откако седнавме, морав да и го прочитам менито. таа можеше да ги гледа само крупните букви. Кога дојдов до половина список го подгинав погледот, мајка ми седи и гледа во мене. На лицето имаше носталгична насмевка „ јас на тебе некогаш ти го читав менито додека беше мал“ ми рече. „ Тогаш време е да се опуштиш и да ме пуштиш мене да ти ја вратам услугата“  и одговорив јас.

За време на вечерата имавме пријатен разговор, за ништо псоебно, разговаравме за работи кои ни се случиле во последно време. Зборувавме толку долго што го пропуштивме филмот. Кога дојдовме до нејзината куќа ми рече: „Ќе излезам уште еднаш со тебе, но ако ми дозволиш јас да те повикам тебе“. Се согласив.

Каква беше вечерата?, ме праша сопругата кога дојдов дома. „ Многу убава. Многу повеќе отколку што очекував“, одговорив.

Неколку дена подоцна мојата мајка почина од срцев удар. Тоа се случило толку одеднаш што не можев ништо да направам за неа. По некое време добив сметка од ресторанот во кој бев со мајака ми. На неа имаше порака:

„ја платив оваа сметка однапред. Не бев сигурна дали сакам или дали ќе бидам таму, но платив вечера за двајца, за тебе и за твојата сопруга. Не можеш да замислиш колку ми значеше онаа вечера“ Те сакам сине“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber