Славниот актер Џим Кери беше еден од презентерите на доделувањето награди Златен глобус. Тоа беше негово прво појавување откако бившата девојка Катрион Вајт изврши самоубиство.
Овој 53-годишен канадски комичар изгледа видно постар во споредба со фотографиите од пред неколку месеци, а неговата долга брада го сокрива препознатливото лице.
Сепак, Џим професионално ја изврши својата задача на доделувањето награди и ги најави победниците во категоријата комедија.