Роналдо се здружил со хотелиерската групација „Пестана“ и одлучил да направи луксузни бутик хотели, кои ќе се наоѓаат на неколку популарни локации во Португалија, Шпанија и во Њујорк. Ова е уште еден доказ дека најбогатиот фудбалер на светот сака да го зголеми своето богатство.
Роналдо издвоил 40 милиони долари кои ќе им ги понуди на „Пестана“ хотелите и тој сега се надева дека со заеднички сили ќе успеат да создадат места на луксузот и совршеното уживање.
За почеток се планирани 4 бутик хотели кои на располагање ќе имаат 400 соби.
Роналдо е многу сериозен кога станува збор за вакви проекти, па се очекува првите хотели во Португалија да бидат отворене веќе оваа година. Хотелите во Мадрид и Њујорк исто така ќе бидат готови до 2017 година.
„Пестана хотелс“ е најголемата хотелска компанија од Португалија, и е бренд кој е распростарен на три континенти : Европа, Јужна Америка и Африка.