Ентузијастите кои веруваат во вонземски живот откриле интересна трага за живот на Марс. Фотографиите кои пристигнуваат од роверот на НАСА прикажуваат прибор за јадење – лажица на површината на Црвената планета.
Ова е втора „лажица“ откриена на Марс за време на последниве години, за што ентузијастите веруваат дека е доказ за развиен живот на оваа планета. Пронајдени се и предмети кои изгледаат како прстени и белегзии.
Видеото го објави UFO Hunter на Јутјуб со анализа и натпис „Голема лажица на Марс која веројатно ја оставила изгубена цивилизација“.
Ентузијастите рекле дека ова е знак за постоењето на интелигентни суштества на Марс со оглед на тоа што ова е втора пронајдена лажица.