Руски теренец го воодушевува светот

11 февруари, 20160
21

Кога во 1998-та година „Chevrolet“ во соработка со „AvtoVAZ“ на Русите им понуди потполно нова „Niva“, којашто наместо логото на „Lada“ го понесе логото на американскиот бренд, изгледаше како веќе “возрасниот претходник” со коцкаст дизајн да се подготвува за пензија.

Mеѓутоа, класичната “коцкаста” „Lada“ покажа и докажа дека е навистина “жилава” опстојувајќи сè до денешен ден. Сепак, новата „Lada“ во Русија се продава под ознаката „Lada 4×4“, а името „Niva“ му е препуштено на „Chevrolet“.

Втората генерација на „Chevrolet Niva“ би требало да се појави на рускиот пазар во 2016-та година.

 

Дизајнот на продукциската верзија е речиси во потполност пренесен од концептот, а руските медиуми наведуваат дека новата „Chevrolet Niva“ би требало да има 1.6 или 1.8 литарски мотор со моќност од околу 120 КС.

Колку за потсетување, прототипот којшто беше прикажан на Саемот во Москва беше опремен со атмосферски 1.8-литарски бензински агрегат со 135 КС, додека моќноста се прнесуваше на сите четири тркала преку 5-брзински мануелен менувач.

https://www.youtube.com/watch?v=ChQuUoasZuQ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi