Сателит на НАСА сними уште еден НЛО

popara9 декември, 20161min00
2

Теоретичарите на завера уште се во екстаза поради непознатиот летечки објект што помина покрај Меѓународната вселенска станица пред два дена, а веќе добија нов материјал за проучување.

На снимките што ги направи сателитот на НАСА кој кружи околу Сонцето се воочува поголем, тркалезен објект кој се појави на 15 ноември, за потоа нагло да исчезне на следните снимки, пренесува Daily Mail.

Фотографиите на објектот што наводно ги заинтересира научниците, на Facebook ги подели Памела Џонсон од Мексико, која тврди дека истиот објект предизвика и одредени аномалии на површината на сонцето.

Меѓутоа, нејзините тврдења ги поделија теоретичарите на завера. Додека едните се сомневаат во вонземјани, другите сметаат дека станува збор за непозната планета, а трети се уверени дека во прашање е оптички привид бидејќи, како што тврдат, НАСА никогаш не би дозволила снимките да протечат во јавност доколку навистина станува збор за доказ за вонземска интелигенција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag