Мими Тао е родена како момче, израснато во строго и религиозно семејство на Тајланд. Финансиската пропаст на неговото семејство резултирала со промена за момчето – тој бил испратен во верско училиште и будистички храм каде учел за свештеник.
Таму го добил името Пхајаранат Нобантао и во храмот живеел од својата 12-та до 18-та година од животот. Вели дека отсекогаш сакал да биде жена, односно дека природата погрешила со него. Копнеел за моментите кога ќе излезел од храмот, облечен во женска облека.
Тој почнал да зема хормони за да му пораснат гради и да се намали растот на влакната. Откако мајка му го фатила како ги пие апчињата, му се заканила дека ќе се одрече од него ако не престане со глупостите. Но, Тао решил да замине и да го следи својот животен пат.
Како жена, Мими Тао се соочила со одбивање и презир, но истрајала во напорите и на крај станала еден од најбараните тајландски модели.