Секси докторка се опијанила, па направила драма на улица

popara2 февруари, 20161min00
111

На снимката која досега има речиси три милиони прегледи на Јутјуб, е забележана млада девојка, инаку неврохирург од Флорида, која во пијана состојба сакала да му го превземе таксито на некој друг, а потоа почнала да го напаѓа возачот, да му ја уништува внатрешноста на автомобилот, да му го крши телефонот и да се однесува агресивно.

Видео – снимката од докторката досега ја виделе повеќе од два милиони луѓе, а поради нејзиното скандалозно однесување, сега ѝ се заканува отказ во болницата во која работи.

Ништо подобро не се однесувала ниту кога пристигнала полицијата – авторот Хуан Чинко кој ја објавил снимката тука престанал да снима – па, напоменал на својот канал на Јутјуб дека ’дамата’ се обидела да удри и човек во униформа откако на рацете ѝ ставил лисици. Тогаш конечно сфатила дека навистина претерала, па почнала да плаче и да им се извинува на сите со ред.

Низ солзи објаснила дека е невролог и дека ѝ се заканува губење на лиценцата ако заврши на суд, што на крајот предизвикало сочувство кај лицата која таа ги нападнала.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag