
Сигурни сме дека сите ќе се согласите дека овие прекрасни модели кои шетаат по пистите и ги красат магазините изгледаат беспрекорно.
Но и тие се девојки како и секоја од нас, и нивниот изглед на недопирливи божици е само илузија, односно мајсторство на шминкери и професионални фризери кои нивната убавина можат да ја доведат до совршенство. Да, тие најчесто се стокмени од глава до пети кога се на модните писти или на сет за снимање каталози и изгледаат како да се нацртани, но на крајот на краиштата, тоа им е и работата нели? Но дали тие изгледаат поинаку кога не се нашминкани со помош на рацете на најголемите мајстори во занаетот и кога не носат скапа облека?