Што треба да знаете за нимфоманијата

popara23 јануари, 20161min00
7

Што е нимфоманија? Познатиот сексолог Алфред Кинси на шега вели дека нимфоман/нимфоманка е некој што има повеќе секс од вас.

Ненаситни заводнички

Мнозинството од мажите си ги замислува нимфоманките како ненаситни заводнички и радо би ги прифатиле за партнерка (така мислат), но малкумина се свесни дека оваа сексуална зависност е сериозна психичка болест, која може да се покаже како темелно деструктивна и за двајцата.

Само за жени

Терминот всушност се користи само за жените. Мажите што страдаат од истиот проблем се наречени сатириаси или сатири. Двата збора доаѓаат од грчката митологија, но и кај двата пола е позната само женската варијанта, додека зборот сатир ретко се поврзува со сексуално нарушување. Причината веројатно лежи во тоа што машкиот стремеж кон повеќе секс е општествено поприфатлив.

Добриот живот води кон нимфоманија

Во 19-от век, докторите сметале дека причините за нимфоманијата лежат во „луксузната“ храна, чоколадото, нечистите мисли, читањето новели и, се разбира, мастурбацијата. Наводно, сите овие нешта прекумерно ги стимулирале нервните завршетоци, па тоа водело кон нимфоманија.

Сé е во главата

Докторите исто така сметале дека нимфоманките имаат зголемен/поголем мозок. Широкиот врат бил речиси сигурен знак дека некоја жена е нимфоманка, или некој маж е сатир. Модерната наука демонстрира дека формата на черепот нема апсолутно никаква врска, ниту ефект врз сексуалната желба, но и покрај тоа, кај некои луѓе, митот живее и денес.

Некогаш нимфоманки, денес секс-заводнички

Терминот нимфоманка веќе не се признава во официјалните води на медицинската наука, бидејќи не е доволно прецизен. Со други зборови, не се знае колку секс е премногу секс. Затоа, официјалниот термин е сексуална зависност и е тесно поврзан со компулсивност. Статистиката вели дека околу 8% од мажите и 3% од жените се зависни од секс, меѓу нив и неколку глобално славни личности.

Нимфоманките се болни, ама не од нимфоманија

Уште еднаш се враќаме во 19-от век. Во тоа време, нимфоманијата била сметана од докторите за симптом на некои други болести. И ова верување сé уште не е целосно искоренето. Така, една жена од САД тврдеше дека станала нимфоманка откако се повредила во теретана.

Нимфоманките не знаат да сакаат

Секако, ова не е вистина. Од друга страна, животот со сексуални зависници е сличен со животот со човек што е опседнат од демони (како на филм) или човек што страда од сериозна болест. И мажите и жените константно се во потрага по сексуални контакти, па нивните партнерки и партнери најчесто не можат да го поднесат тоа.

Нимфоманијата е грев

Во Христијанството, нимфоманијата се смета за грев, а постојат и одредени општества што целосно ги обесхрабруваат младите да имаат сексуални односи. Сепак, постојат и брачни двојки што си дозволуваат целосна сексуална слобода.

Нимфоманијата не е забавна

Природно, нимфоманијата звучи привлечно и забавно, но всушност е многу опасна. Зависниците имаат сексуални односи со неколку илјади партнери и партнерки, кои неретко припаѓаат на ризичната група за сексуално-преносливи болести. Дополнително, дури 60% од сексуалните зависници се злоставувани додека биле деца, а нивната нимфоманија е резултат токму на тие трауми.

Нимфоманите не уживаат во сексот

Вистинските секс-зависници се всушност робови на нивната зависност. За многу од нив, сексот е само средство со кое ги избегнуваат негативните емоции, како осаменоста. Сексот е само чин кој не носи љубов и исполнетост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag