Китење елка е општохристијански обичај.
Според една руска бајка, кога се родил Хрисос, една ѕвезда на небото ги водела мудреците од исто, покажувајќи им го патот до пештерата во која се наоѓала Богородица со Христос. Над пештерата во која е роден Христос растеле три дрвја – бор, кедар и елка.
Над нив се послала светлината кога се родил Христос, па посакале и тие нешто да подарат. Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале иглички преполни со преубав мирис. Борот ги подарил најубавите шишарки. А елката почнала да плаче, бидејќи немала ниту шишарки, ниту мирслива арома. Солзите на елката ги видела ѕвездата и се сожалила.
Поради нејзината голема желба и таа да го дарува раѓањето на Христос, не дозволила таа да остане тажна во ноќта. И пратила една мала ѕвезда која се нашла на врвот од елката. Тогаш ѕвездата силно засветила и поклонувајќи се длабоко, ја спуштила ѕвездата пред пештерата каде што лежел Христос. Затоа денес на врвот на новогодишната елка се става ѕвезда, како знак на љубов кон Христос.