
Видеото на кое што наводно се гледа змеј како лета над планина во област во Кина, ја подигна кинеската јавност на нозе и ги подели мислењата.
Додека некои тврдат дека станува збор за монтирано видео, некои веруваат дека ова би можело да биде доказ за постоењето на ова митско суштество.
Човекот кој што го снимал видеото, за кинеските медиуми изјавил дека сакал да ја сними птицата на небото, но откако зумирал, забележал дека тоа е една „необична птица“, односно животно кое што потсетува на змеј.
Многумина веруваат дека видеото доказ дека на Земјата и ден денес живее ова митско суштество, додека други тврдат дека станува збор за една обична измама.
https://www.youtube.com/watch?v=bTeL8zZjNSA