Со овие астролошки знаци не ви препорачуваме да се задевате!

popara18 февруари, 20161min00
14

Ова се трите најзлобни хороскопски знаци во целиот зодијак. Астролозите препорачуваат да ги избегнувате конфликтите со нив.

Скорпија

Скорпијата е исклучително чувствително суштество кое кога вистински љуби, во целост се предава на својот партнер. Вистината е дека Скорпијата знае да биде незгодна, но доколку се водите според нејзините правила и не ја изневерите или повредите, нема никогаш да ја запознаете нејзината темна страна. Од друга страна пак, ако си играте со оган, таа од вашиот живот ќе направи вистински пекол.

Јарец

Да познавате Јарец е исто што и да го познавате ѓаволот лично. Дури и да ви се слоши и да се срушите на сред улица пред неговите нозе, тој едноставно ќе ве прескокне, нервирајќи се дека сте му го попречиле патот. Парите го движат неговиот свет, па токму затоа и тој е длабоко поврзан со нив. Неговите емоции кон живите суштества се ограничени, па токму затоа и на неговото ледено лице нема да можете да воочувате никакви чувства.

Риби

Додека  пријатно ви се смешкаат за време на разговорот, низ главата на Рибите поминуваат мисли за тоа како би можеле да прават различни видови експерименти со вас. Можеби дури и би замислувале како ви ги вадат очите. Доколку станува збор за лична корист, тие би можеле да лажат до бескрај. Исто така лесно ги откриваат слабите точки на оние околу нив и често играат на картата за сожалување. Всушност тие толку многу се соживуваат со оваа улога на „жртва“ што можно е да си поверуваат и самите себеси. Но, сепак никогаш не забораваат на своите скриени намери. Откако ќе ја остварат својата цел, тие ќе исчезнат од вашиот живот, а вие дури тогаш ќе откриете дека нивниот идентитет бил лажен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag