Се заљубивте, а тој не ви обрнува внимание? Еве зошто не треба да трчате по маж!

popara18 февруари, 20161min00
13

Се заљубивте во некого а тој воопшто не знае за тоа или пак не ви обрнува внимание?  Почнувате да се лажете себеси и претерано да анализирате. 

Еве зошто би требало да престанете да трчате по момчето…

Ги запоставувате сите останати

Можно е да започнете да заборавате на луѓето кои во вашиот живот не се само привремено. Ќе го пропуштите создавањето драгоцени спомени со пријателите и семејството, додека се обидувате со сила да создадете заборавни спомени од заљубеност.

Давате се на некој кој не вреди ништо

Му го нудите своето срце на некој кој не го заслужува. Оној кој го заслужува сигурно ќе ви се додворува и ќе даде сè од себе да биде со вас.

Залудно се трошете

Трошите енергија на нешто што е минливо. За тоа сте и самите свесни, но некогаш е тешко да си го признаете.

Ги заборавате работите кои ви значат

Почнувате да заборавате на работите кои навистина ви биле важни. Сте сонувале за нешто друго и сте се надевале на нешто подобро, но се задоволувате со телефонски пораки и повици доцна во ноќта.

Почнувате да се излудувате самите себеси

Звукот на добиена порака е ваш најголем кошмар, но и најдобар пријател. Мислите дека станува збор за игра, но вистината е дека некој си игра со вашата среќа.

Заклучок е дека не треба да трчате по било кој. Наместо да трчате по пеперутки во стомакот, почнете да трчате по своите амбиции, своите соништа, своето место под сонцето, дружење со пријателите, своја пролет, своја насмевка, свои спомени… Престанете да трчате по љубовта и дозволете ѝ таа да ве пронајде вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag