Совети за трчање за почетници

11 јануари, 20160
9

Трчањето е бесплатно. Нема потреба да одите во спортска сала. Потребни ви се само добри патики за трчање и комотна облека и можете да трчате секаде. Еве неколку едноставни совети за почетници, за тоа како трчањето да биде пријатно и безбедно искуство, а воедно и како да се мотивирате да започнете со оваа активност. 

  • Поставете си мали, но долгорочни цели. Почнете со мали дестинации, па потоа зголемувајте ја должината на патеката за трчање. Кратките дестинации ќе ги освоите брзо, а откако ќе ја достигнете целта за прв пат ќе се чувствувате толку добро што ќе сакате да трчате повторно.
  • Очекувајте да бидете лоши пред да станете добри во трчањето. На телото му треба време да се навикне на новата активноста, па затоа очекувано е некои денови да бидете подобри, а некои полоши.
  • Слушајте го вашето тело, особено на почетокот. Дадете му време да вашето тело да се адаптира, а доколку добиете запаление на мускулите дадете му време да закрепне. Не се форсирајте премногу.
  • Облечете се комфорно. Кога станува збор за облека за трчање (тука спаѓаат и патиките за трчање) одберете комфорна и комотна облека.
  • Одберете денови за трчање кога немате многу други обврски.
  • Јадете мали оброци, но јадете често. Малите оброци го одржуваат вашето ниво на енергија константно.
  • Грижете се за вашите патики. Погрижете се да ги замените пред тие да бидат уништени. „Животниот век“ на повеќето патики за трчање е од 400 до 600 км.
  • Внимавајте да не претерате. Симптомите како летаргија, споро закрепнување, нејасни болки во мускулите, несоница и чувство на иритираност ви покажуваат дека треба да направите пауза барем на неколку дена.
  • На сите им е потребна брзина. Без разлика на тоа што во просек трчате 10 за половина час, на пример, еднаш неделно забрзајте го темпото, тоа ќе ви ја освежи рутината, а воедно и ќе си ги бутнете границите.
  • Зачинете си го животот. Не дозволувајте трчањето да ви стане рутинско, трчајте на различни патеки, одете на планина, трчајте споро по угорници.
  • Одмарајте се. На сите им треба целосен одмор барем еднаш неделно, Затоа дадете му го на вашето тело одморот што го заслужува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi