Стефан Давидовски фантастично се претстави на Макфест 2016 со песната “Што ќе ми е друга“

popara6 јуни, 20161min00
Стефан Давидовски фантастично се претстави на Макфест 2016 со песната “Што ќе ми е друга“

Стефан Давидовски е име кое ветува многу, вокал кој ќе го збогати македонското естрадно небо со уште една светла ѕвезда, млад човек со фантастични гласовни можности, кој уште еднаш, овој пат на Макфест, покажа дека е музичар кој многу ветува.

Стефан неодамна беше еден од финалистите на Првото Македонско Музичко Реално Шоу “На Иста Адреса“, каде го гледавме секојдневно на малите екрани, речиси 3 месеци, и каде секоја недела, на гала вечерите ни покажа колку вреди, што умее и дека треба Македонија да се гордее со вакви деца.

А сега слушнете го настапот на Стефан Давидовски на Макфест 2016: