Стилски начини како да ги носите боите оваа зима

popara15 јануари, 20162min00
9

Многу дами носат облека во неутрални, пастелни и црно бели комбинации, додека пак некои се одлучуваат да носат на себе боја.

Комбинирањето и вклопувањето на колоритните парчиња е предизвик сам по себе, бидејќи лесно може да се направи грешка. Веруваме дека тоа е причината поради која повеќето од нас се одлучуваат за “сигурни“ комбинации.

За да ви помогнеме да се опуштите при креирањето на колоритниот аутфит ви нудиме неколку модни комбинации.

Ако вашиот фустан е колоритен или со храбар дезен, тогаш останатиот дел од вашата комбинација нека биде монохроматски.

01 boi

Вклопете ги јарките бои со џинс.

02 boi

Ако сакате да носите некоја боја која тешко се вклопува со другите, тогаш одлучете се да носите комбинезон во таа нијанса за да не мора да се мачите во спојувањето на горниот и долниот дел.

03 boi

Ако сакате да носите топ маица во боја во комбинација со сукња со принт, тогаш изберете нијанса која веќе ја има на здолништето.

04 boi

Одберете една боја и носете ја од глава до пети!

05 boi

Елечето е одличен начин да додадете живост на неутралната комбинација.

06 boi

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag