Страв од непознатото: Секој астролошки знак се плаши од својот претходник

16 февруари, 20160
6

Секој знак се плаши од својот претходник, бидејќи на некој начин му дише во врат, го има на око. Тоа всушност укажува на една човечка особина – сите многу повеќе се плашат од минатото, од она што го направиле, отколку од она што допрва ќе се случи. Можеби звучи чудно дека Лавот се плаши од Ракот, но така е. Еве го редоследот…

Припадниците на знакот Овен се рационални, реални, секогаш имаат некоја своја математика, изгледаат неуништиво, но се плашат од знакот Риба, од нивната интуиција, нивниот свет кој нема правила и граници, можат секому да му пријдат од зад грб, а никој да не ги забележи.

Знакот Бик се плаши од знакот Овен поради неговата пробивност, експлозивност, Бикот сеуште не се поместил, а Овенот може да заврши работа и да го однесе пленот пред нос.

Знакот Близнаци се плаши од Бикот зошто Бикот може да ја чека цела вечност и да се придвижи во вистинскиот миг, додека тие ја губат целата сила поради недостиг на енергија трпение и лоша организација.

Припадниците на знакот Рак се плашат од Близнаците поради нивното брзо учење, собирање информации, разумно заклучување, Раковите не можат да го издвојат рациото од емоциите.

Припадниците на знакот Лав се плашат од емоциите на Ракот, бидејќи колку и да е Ракот послаб од Лавот, со емоциите може да го загрози егото на секој лав и да му покаже на Лавот дека само си замислува дека Лавот е центар на светот, центар на светот се емоциите.

a86e1146fd20990c1ce63287169f6c46

Знакот Девица се плаши од Лавот поради неговата дипломатија , глума и не му е јасно како Лавот знае да живее во раскош, а да не биде оптоварен со пари, како Девиците.

Знакот Вага се плаши од логиката на Девицата, нејзината точност, прецизност. Кога нешто ќе испланира Девицата тоа е точно до крајност, а додека Вагата измери, Девицата е во голема предност.

Знакот Скорпија се плаши од шармот на Вагата, интелектот и дипломатијата. Додека Скорпијата реши да се отвори, Вагата веќе ги свртела сите околу себе.

Знакот Стрелец  се плаши од мистичната Скорпија, бидејќи Стрелците се деца, не сакаат она што е темно и проткаено со мистерија.

Знакот Јарец се плаши од оптимизмот на Стрелецот, среќата која ги следи и никогаш со нив не се впуштаат во костец.

Знакот Водолија се плаши од времето бидејќи стално трча пред времето, а не е подготвен да се избори со она што бил некогаш. Господар на кармата и минатото е знакот Јарец.

Знакот Риба се плаши од непредвидливоста на Водолијата, начинот на размислување и знае дека ако ја изнервира Водолијата таа ќе го уништи концептот за две секунди и повеќе тоа нема да може да се состави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi