Светска мистерија: Окото на Сахара, како се создало и зошто служи?!

26 февруари, 20160
Светска мистерија: Окото на Сахара, како се создало и зошто служи?!

Сахара е втората најголема пустина на планетата Земја (првата е Антартикот), чија површина изнесува 9,000.000 километри квадратни. Се наоѓа во северна Африка, а стара е околу 2,5 милиони години. Нејзиното име потекнува од арапскиот збор пустина (arap. صحراء ).

Сахара, онаква каква што е денес, постои преку 3500 години.

Во неа се наоѓаат, суви речни корита наречени вадизи, карпести рамнини и непрегледно песочно море. Бројни научници тврдат дека нејзиниот сосед, Арапската пустина, е всушност продолжеток на Сахара.

Меѓутоа Сахара не е само песок и непрегледно пространство. Таа има и свои тајни.
Доколку во некој случај се најдете во Земјината орбита и одозгора фрлите поглед на нашата плента, многу веројатно е да здогледате едно џиновско око.

Тоа око, или како што го нарекуваат научниците “Земјината очна јаболкница”, всушност е необична геолошка формација во Сахара, која веќе долго ги збунува научниците.
ПОзната како “Окото на Сахара”, Richat структура или Guel er Richat е карпеста купола која се издвојува од остатокот на пустинските текстури. Се наоѓа во Сахара, во западно-средишниот дел на Мавританија, во близина на Оуадане.

Окото на Сахара е всушност низа концентрични, благо елиптични кругови, а неговата големина изнесува помеѓу 40 и 50 километри (30 милји). Седиментната карпа која се наоѓа во средината на куполата датира уште од доцниот период Протерозоик, односно од пред 2,5 милијарди години, додека пешчар, рабовите на окото се стари околу 480 милиони години.

Опкружено со илјадници километри квадратни безизразена пустина, Окото на Сахара е лесно видливо од вселената. Оваа единствена геолошка формација популарно е уште од најраните вселенски мисии кога астронаутите го приметиле и го споредиле со биковото око.

Експертите се уште дискутираат и проучуваат како е настаната оваа геолошка формација. Некои тврдат дека тоа е подрачје на карпести концентрични кругови кои настале после пад на астероид или некое друго вселенско тело.

Други велат дека е резултат на вулканска ерупција. Меѓутоа, нема доволно геолошки докази кои би потврдиле ниту една од овие тези.

Во последно време помеѓу научниците, претежно геолози, преволадува мислењето дека оваа необична структура, своевидна геолошка купола, настанала поради ерозија на тлото предизвикана од ниските температури на хидротермалните води. Сепак, нејзиниот кружен обилик и понатаму представува мистерија.

Интересно е што Британските научници дошле до заклучок дека на местото на денешна Сахара некогаш се наоѓало најголемото слатководно езеро на светот – Мега Чад!

Бројните анализи покажале дека влажниот период на северот на Африка нагло завршил пред околу 5.000 години, при што езерото пресушило во целост. Тој процес, го доживеал својот крај пред околу 1.000 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi