Таа е најниската мајка на светот – Има две деца и само 80 сантиметри

31 март, 20160
Таа е најниската мајка на светот – Има две деца и само 80 сантиметри

Кристиен Реј (29) од Сиетл е висока 80 см и е најниска мајка на светот. Боледува од ретко генетско нарушување поради што има многу низок раст. Сепак, некои нејзини коски се развиени како и кај жени на нејзини години кои имаат нормална висина. Поради кревката градба докторите верувале дека раѓањето на деца би можело да го загрози нејзиниот живот.

-Да се биде мајка за секоја жена е помалку застрашувачки, но за некои кои се на моја висина тој страв е уште поголем. Бидејќи сум многу мала, докторите се плашеа дека детето може да ги распука моите бели дробови и срцето. Ми рекоа дека детето ќе морам да го носам минимално 30 недели. Издржав 34, раскажува мајката која првото свое дете го родила со царски рез во 2007 година во Вашингтон.

Ќерката за жал, го наследила генетското нарушување од својата мајка. Кристиен вели дека плачела кога докторите и’ соопштиле дека нејзината ќерка ќе има слично нарушување.

Кристиен и нејзиниот вереник Џереми, кој е висок 1,93 метри, се одлучиле и за второ дете. Во 2103 година Кристиен го родила синот Лиам кој исто така е роден порано, а се развива слично како нејговата сестра и мајка.

-Не се фокусирам на тоа какви деца ќе бидат, туку на љубовта, вели Кристиен.

Со вереникот заедно се со години, а се запознале во средно училиште.

-Кога ќе не видат луѓето заедно, зјапаат во нас и велат: „О боже, каков чуден пар“

Таа сака да има уште деца, како и Џереми кој вели дека сака да има „седум џуџиња“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi