Таа и покрај тоа што има 50 години сé уште изгледа сјајно!

popara15 јуни, 20161min00
3

Таа и покрај тоа што има 50 години сé уште изгледа сјајно!

Времето за Елизабет Харли како да застанало. Таа ретко може да ве разочара кога се нејзините модни комбинации во прашање, а со вистинската шминка и фризура едноставно изгледа неодоливо. И тоа секако не се однесува само за нејзините комбинации кои што ги фура на црвениот килим, туку и кога е во обични skinny фармерки, сандали и блуза, повторно изгледа фантастично. Ако на ова ги додадеме и големата кафеава кожена чанта, суптилната шминка и секако нејзината препознатлива прекрасна насмевка, ќе ја добиеме вистинската формула за беспрекорен гламурозен изглед и тоа без гламур!

Односно, оваа прекрасна жена со своето присуство ќе го освои вашето внимание каде и да се појави, во каква било околина, без разлика на годините, без разлика на модните парчиња што ги носи, без разлика на трендовите …