Точки на лицето на кои треба да се нанесе хајлајтерот

popara15 јануари, 20161min02
8

Ништо не е толку убаво како кожа без видливи неправилности која изгледа свежо и младо.

Но во реалноста таков совршен изглед не е чест, па затоа не ни останува ништо друго освен да се послужиме со неколку трикови со кои ќе креираме свеж и одморен изглед.

Или со други зборови, важно е паметно да го нанесеме хајлајтерот на клучните точки на лицето.

Постојат осум точки каде лесно треба да го истапкате за да го добиете посакуваниот изглед.

1. Централната точка на челото е клучна за прекрасен изглед, но избегнувајте ја ако имате многу масна Т зона со проширени пори.

2. Внатрешниот агол на окото кој веднаш ќе добие ефект на одморен поглед.

3. Хајлајтер истапкан по должината на носот ќе го истенчи, но не го нанесувајте ако не сакате носот да ви биде нагласена карактеристика на лицето.

tocki na licto na koi treba da go naneste hajlajterot 01

4. Точката под лакот на веѓите визуелно ќе ги дефинира истите и повторно ќе ви го освежи погледот.

5. Хајлајтер над горната усна ќе ја истакне сензуалната линија на усната.

6. Ако имате сува и дехидрирана кожа без видливи пори, тогаш хајлајтерот помешајте го со течната пудра, но водете се по правилото помалку е повеќе.

7. Малку осветлете го врвот на брадата за да го балансирате останатиот дел од мејкапот.

8. Хајлајтер на јаболчиците е неизбежен бидејќи го дефинира лицето и ви дава свеж и здрав изглед.

2 comments

  • ГОРДАНА

    15 јануари, 2016 at 14:02

    Ve molam prevedete mi shto znaci “Хајлајтер “

    Reply

    • popara

      15 јануари, 2016 at 15:13

      Накратко кажано Додека контурирањето се фокусира на скулптурирање на сенките и аглите со пудра и бронзер, хајлајтирањето се фокусира на светлината. Тоа е осветлувачка техника која ги нагласува цртите на лицето преку додавање на нежни рефлективни производи на клучните точки на лицето. Ова креира илузија на светла, сјајна кожа. Тоа креира вистинска промена на вашиот изглед!
      Одберете хајлајтер кој има бисерна боја која сјае, наместо светкав – запомнете, сакате да изгледате свежо и сјајно, а не како диско топка! Кремасти, металик тонови се идеални. Доколку имате светла кожа, користете сјајни, розеви нијанси. На маслинестата и средно-темната кожа им одговараат златести производи – помислете на Jennifer Lopez и GiGi Hadid. И доколку имате темна кожа, побарајте богати, бакарни тонови. Доколку имате масна кожа и се плажите да користите производи кои го осветлуваат лицето, пробајте хајлајтери на база на пудра во прав кои нема да ви ги затворат порите.

      Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag