Нема човек кој не сака да флертува, па дури и ако знае дека ништо понатаму нема да се случи. Сепак, на некои оваа вештина посебно им оди од рака, а астролозите тврдат дека пресуден е хороскопскиот знак, а не карактерот.
Токму така е создадена оваа листа од топ 3 најголеми заводници во Зодијакот:
Лав
Освојуваат без ниту една препрека и со голема фантазија. Ќе ви пријдат полни со самодоверба, со неодолив шарм и насмевка која ќе ја осветли просторијата. Лавовите обично се градски ликови кои ги познаваат сите важни места и луѓе, па со нив не може да ви биде здодевно. Секогаш ќе добиете кралски третман и ќе ве шармираат со прекрасни и по малку заборавени манири. Припадниците на овој знак не сакаат да губат и секогаш војуваат за победа. Заведувањето за нив е еден вид на гимнастика. Уживаат во секој чекор од освојувањето, а недостижноста на „пленот“ ги тера да се потрудат уште повеќе. Лавовите се страстни љубовници, па бидете сигурни дека ако им се предадете уживањето ќе биде комплетно.
Скорпија
Кога Скорпијата ќе влезе во било која просторија, нема човек кој нема да ја забележи. Има безобразен поглед, па затоа не и е потребен допир за да освои. Откако ќе го одбере „пленот“ со него може да си игра со часови. Скорпиите се посебно вешти во невербалната комуникација и често ја користат додека „внимателно“ ве слушаат како раскажувате за вашето работно место. Големи се шансите да не забележите дека Скорпијата ве смета за иден партнер, но кога ќе се свестите, веќе сте во нејзините прегратки. Во креветот се страсни и уживаат во долгото водење љубов. Жените Скорпии пак, ќе ги познаете по заводливата и скапа долна облека.
Близнаци
Имаат пријателски пристап кој секогаш си ја завршува работата. Духовити се и шармантни, но и образовани, па со Близнаците може да поминете часови само во разговор. Имаат неодолива харизма со која во комбинација со хуморот и ученоста ги привлекуваат луѓето околу себе. Позитивни се и знаат да ви угодат, па никогаш нема да се чувствувате непријатно со нив. За разлика од претходните 2 знаци, овој знак не ве гледа и доживува како „плен“, на што премногу емотивните често пати паѓаат.