Туморот и го уништил олимпискиот сон, но таа ја победила болеста и станала топ-модел

22 август, 20160
3

Австралискиот модел Ејми Пејковиќ открила дека нијзиниот олимписки сон бил уништен кога дознала дека има тумор на мозокот на свои 19 години. Професионалната скокачка во височина морала да биде оперирана, а за среќа докторите тоа го направиле успешно.

-Кога дознав само седев и збор на кажав 10 минути. Гледав во мојата мајка како разговара со докторите, раскажала Ејми.

Таа се присетила како ја облила ладна пот кога на снимката на нејзината глава докторите и покажале голема темна дамка.

ejmi 1

Тoкму во тој период таа се спремала за настап на Олимписките игри, а истовремено работела и како фото модел.

-Никогаш не сум била така скршена како тогаш. Но сепак, не се предадов, додала таа.

Тогаш почнала нејзината борба, а во заздравувањето минала напорни тренинзи за да се врати во топ форма затоа што по операцијата изгубила 10 килограми и била преслаба.

– Се сеќавам дека едвај стоев на нозе кога излегував од болница.

ejmi 2

Нејзиниот труд на крајот се исплател. Таа, најважно од се, сега е здрава и се надева дека ќе ја претставува Австралија на  Олимписките игри во Токио во 2020. Сега работи како модел, и тоа многу успешно, и ги краси насловните страни на многу магазини.

ejmi 3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi