Хотелот Ryanggang во Пјонгјанг, кој важи за најлускузен хотел во цела Северна Кореја, е на удар на критики на луѓето кои се осудиле да отпатуваат таму. Ryanggang има „шест ѕвезди“, а судјќи по фотографиите и оценките на посетителите повеќе личи на затвор отколку на хотел.
– Поудобно беше да се спие на подот, отколку на овие кревети, напишал еден од туристите кој престојувал во Ryanggang.
– Во собите, освен неудобни кревети има и телевизор на кој се прикажува една програма со хистерична водителка која го фали Големиот лидер, напишал друг посетител.
– Купатилото е валкано и мизерно, стои во една од оценките.
Тешко е да поверувате дека во хотелот кој важи за најлуксузен во земјата ќе ве дочека ваков доручек, кој, според зборовите на туристите, има ужасен вкус.