Вежбањето приспособете го на градбата на телото

popara19 октомври, 20161min00
5

Не постои универзален начин на исхрана или вежбање кој може да даде еднакви резултати за сите луѓе, бидејќи секој од нас е посебен на свој сопствен начин.

Кога станува збор за физичките активности, одредени вежби даваат подобри резултати кај одредени типови на градба на телото. Советувајте се со медицинско лице за препораки што е најдобро за вас, а ако е потребно направете ги и потребните тестови. Ова е основната поделба на луѓето според градбата на телото.

Мезоморф

Овој вид на тело се карактеризира со цврсти коски, дефиниран грб, рамена и колкови во ширина на рамената. Славни личности кои имаат ваков вид на тело се Хали Бери, Џесика Сипмсон и Деми Мур.

Најдобрите вежби за ваков вид на тело се умерени но и интензивни кардио вежби. Најпрепорачливи се интервални вежби. Целта е да се комбинираат кратки интервали со интензивни активности и со вежби со послаб интензитет. За жените кои имаат ваква фигура сакаат да изгледаат поженствено, па затоа се препорачува пилатес, јога или балет како дел за тренинг.

Ектоморф

Овој вид на тело има природна виткост. Со брз метаболизам, витки раце и нозе. Овој вид е најпосакуван во модната индустрија. Славни личности кои имаат вакво тело се Жизел Бундхен и Гвинет Палтроу.

Бидејќи овој вид има послаби коски од останатите, тренингот е многу важен. Од сите видови, на ектоморфот најмногу му одговараат вежби со тегови. Исто така за поволна вежба се смета и одење на лента.

Ендоморф

Овој вид на тело може да се опише како природно заоблен. Најчесто добива на тежина во долниот дел од телото и има поголема потешкотија со губењето на килограмите. Метаболизмот е прилично бавен во однос на другите видови на тело. Славни личности кои имаат ваков вид на тело се Џенифер Лопез, Опра и Квин Латифа.

Некои од најдобрите активности за ваков вид на тело се трчање и велосипедизам, додека пак тренингот со тегови мора да се повторува почесто во серии.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag